Со усна дозвола од градоначалникот на Гази Баба во Стајковци се прави дива депонија (ВИДЕО)

Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели видео од Стајковци каде никна дива депонија.

Тој на лице место разговараше со луѓе кои истураат шут и ѓубре потенцирајќи им дека тоа е приватен имот и дека не смее да фрлаат таму.

На видеото се слуша и како тие го убедуваат дека со усна дозвола од градоначалникот Борче Георѓиевски може да фрлаат ѓубре и да се формира дива депонија.