Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“

Сојузот на спортови на Скопје денеска ги додели наградите на професори по физичко воспитување, спортисти и спортски работници кои постигнаа забележителни резултати во 2019 година.

Добитници на наградите кои традиционално се доделуваат по повод 13 ноември, Денот на ослободување на Скопје се:

Категорија – професори по физичко воспитување:
Седат Бафтија од ОУ „Лирија“
Венцислав Рангелов од гимназијата „Никола Карев“.

Категорија -спортисти:
Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање)
Симона Заборска (карате).

Категорија – тренер:
Билјана Црвенковска (ракомет Вардар).

Категорија – екипа:
РК Вардар (мажи).

Категорија спортски работник:
Иван Михајловски (триатлон)
Живко Тасевски (карате).

Категорија – општественик:
Висар Ганиу (градоначалник на општина Чаир).

Категорија – спортски работници за животно дело:
Александар Домлевски (кошарка)
Андреја Јовановски (стрелаштво)
Ѓорѓи Ајановски – Џоџо (бокс)
Димче Јосифовски (Коњички спорт)
Иван Лесевски (скијачки спорт).

ФОТО: МИА