
Надер Шај во својот салон во градот Херат беше навикнат да ги потстрижува младите Авганистанци на кикиришки, како ирокези или на куси војнички фризури, но тоа многу се промени откако талибаните повторо се вратија на власт, пишува AFP во својата репортажа.
Радикалното исламистичко движење ја презема власта во Авганистан кон средината на август, и од тогаш Авганистанците не се многу расположени да трошат пари на потстрижување, бидејќи стравуваат дека би можеле да бидат казнети поради модерните фризури.
„Луѓето порано ми доаѓаа и бараа разни фризури, но повеќе не е така. Доаѓаат со скршени срца“, вели 24-годишниот Шах во неговиот фризерски салон во третиот по големина авганистански град.
Во текот на претходниот талибански режим, од 1996 до 2001 година, движењето ги забрани „екстравагантните фризуир“ и инсистираше мажите да носат бради. По нивното соборување од власт со американската инвазија да се биде избричен значеше да се биде модерен, дури и во релативно космополитискиот западен град Херат.
„Луѓето сега доаѓаат тука и бараат поедноставни фризури. Исто така, не ги бричат брадите, па и тоа е сега проблем“, додава Шах.
Овој фризер и бербер кој работи веќе 15 години, од својата рана младост, вели дека пред талибаните заработувал 15 американски долари дневно, а сега заработката му паднала на меѓу пет и седум долари.
Во соседството 32-годишниот Мухамед Јусефи вели дека морал драматично да ги намали цените на своите услуги да берберницата да му остане отворена. Од шест долари по фризура, сега налаќа само долар.
„Поради ситуацијата со талибаните клиентите ни доаѓаат поретко и плаќаат помалку“, се жали Јусефи.
„Откако талибаните ја преземаа власта, одеднаш луѓето сакаат да излгедаат како нив. Не дека талибаните се во мода, туку луѓето не ги бричат брадите бидејќи не сакаат тие да ги запираат и да ги прашуваат за тоа“, појаснува Јусефи.
И во берберницата на 36-годишниот Али Реза е иста ситуацијата.
„Порано младите доаѓаат секоја или на две седмици на потстрижување или за бричење и беа среќни. А многумина од нив побегнаа. Донеодамна мохот приход беше одличен, а сега не е“, се пожалил Реза.