Со вооружувањето на Украина, НАТО сака продолжување на војната, предупреди Русија

НАТО со својот план да распореди четири дополнителни борбени групи на своито Источни крило на гранциите со Русија и со ветувањето дека и нараму ќе ја вооружува Украина покажува дека сака продолжување на судирот, предупреди во четвртокот официјална Москва.

Руското министерство за надворешни рбаоти соопшти дека одлуките на западните земји и натаму да ја вооружуваат Украина го поттикнале режимот во Киев да ги нападне од 2014-та самопрогласените доминатно руски региони во својата источна област Донбас, пренесува агенцијата РИА.

Портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, предупреди дека „милитаризацијата на Европа се забрзува благодарејќи на Алијансата“, како и дека НАТО со тоа го потврдува своето антируско дејствување.

„Што и да е ќе послужи за опасното и дестабилизирачки трупање на Источното крило (на НАТО)… Со ветувањето дека на Украина ќе ѝ испраќа оружје, Алијансата потврдува дека сака продолжување на судирот“, заклучи Захарова.

Претходно во четвртокот на самитот на НАТО во Брисел, како одговори на руската офанзива во Украина, беа активирани „одбранбените планови“ и Алијансата премести делови од своите сили и распореди нови 40.000 војници и воздушни и поморски капацитети во близина на границите на Русија, што беше и едно од оправдувањата на Москва за нејзината, како што ја нарекува, „специјална воена операција“ во соседната земја.

Четирите дополнителни борбени групи моментално се подготвуваат за распоредување во Бугарија, Романија, Словачка и Унгарија.

Захаровоа рече дека целото НАТО беспоговорно го следи САД и нивните цели потполно да се задуши Русија. Додаде, исто така, дека на Западот се шири антируска агресија за да се подигнат цените на вооружувањето, од што, првенствено профитираат САД.

НАТО истовремено ги прикрива тајните американски истражувања на биолошко и хемиско оружје (во 30 биолаборатории во Украина), додека истовремено неправедно ја обвинува Русија дека планирала наводно провокации со исто оружје, а истото се однесува и за нуклеарното оружје, обвини Захарова.

За самитот на НАТО во четвртокот во Брисел, Захарова рече дека „не е ништо освен сеанса за миење на мозокот“.

„САД не можеа да го поднесат фактот дека Русија е земја која самостојно и суверено ги носи сопствените одлуки и води независна политика“, резимираше Захарова.