На 03.08.2023 во 02:20 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, при извршена контрола на М.Е.(38) од Р.Грција, кој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со холандски национални ознаки, било констатирано дека возилото е предмет на потрага од Интерпол-Холандија.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.