Соопштение до јавноста oд ВМРО-ДПМНЕ, реакција на обраќањето на Зоран Заев.
„Наместо да ги лаже високите гости, Зоран Заев треба да им признае дека Македонија со него на чело тоне. Корупцијата, криминалот и рекетот го уништуваат општеството. Граѓаните се разочарани и во се поголем број ја напуштаат Македонија.
Лошата состојба е пред се резултат на лошото водење на економската политика. Големото задолжување, високите даноци, преполнувањето на јавната администрација, злоупотребата на институциите и шиканирањето на правото се обележја на оваа власт.
Република Македонија треба да ги отпочне преговорите со ЕУ, бидејќи народот не смее да биде казнет за криминалните политики и неспособноста на Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период засилено лобираше за датум, но евентуалниот старт не е и не може да биде замена за ефективниот правен систем и функционална економија.
Со Зоран Заев на власт Македонија не може да тргне напред. Со Зоран Заев на власт Македонија тоне. Зоран Заев треба да си замине.“