Соборен вооружен дрон близу американската база во северен Ирак

Противводушните системи  соборија вооружено беспилотно летало во неделата над аеродромот во Ербил во северен Ирак, каде се стационирани американските и другите меѓународни сили, соопшти антитерористичката служба на автономниот регион Ирачки Курдистан.

Групата Исламски отпор во Ирак соопшти дека го лансирала дронот за да нападне, како што ја нарече, „окупациска база“.

Нема жртви или оштетувања на инфраструктурата, соопштија безбедносни извори.

Американските и меѓународните сили распоредени во Ирак и преку границата во Сирија се во состојба на зголемена готовност поради серија напади врз нивните бази откако изби војната меѓу Израел и Хамас.

Нападот во неделата се случи помалку од 24 часа откако две беспилотни летала беа соборени во саботата вечерта во близина на воена база во северен Ирак што ја користат ирачките курдски сили Пешмерга и воздухопловната база Ал Харир, која исто така е домаќин на американските сили, соопшти курдската регионална влада.

Ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани нареди истрага во координација со курдските регионални безбедносни сили и вети дека ќе ги гони одговорните за нападот во саботата, изјави во неделата воениот портпарол на премиерот.

Инцидентот е последниот во низата кои покажуваат како конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас се шири низ Блискиот исток, создавајќи превирања поради коишто американските војници во базите на окупираните територии во Ирак и во Сирија сѐ почесто стануваат цели на напади.

Групите на шиитското мнозинство во Ирак и на алевитската (шииитска) заедница во соседна Сирија, кои оддржуваат тесни врски со Иран, се противат на американското воено присуство на териториите н нивните земји како и на воените операции на Израел во палестинските енклави Појасот Газа и Западниот брег, за што ги сметаат одговорни делумно и САД како главен сојузник кој сеоја година издвјува големи средства за вооружување на израечската армија.

Американските трупи се нападнати најмалку 60 пати во Ирак и во Сирија од почетокот на војната во Газа. Американската војска во Ирак има бази сега со 2.500 војници по инвазијата во оваа земја во 2003 година, а во Сирија има десетина бази со сега 900 војници во североисточниот дел каде со инвазијата по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира. Сирија и Турција изминатите години ги обвинија САД дека во базите на сириската територија ги обучува припадниците на Исламската држава и на Работничката партија на Курдистан (PKK) кои подоцна изведуваат терористички напади во двете земји.