По завршувањето на огласот за членови на ДИК којшто трае осум дена, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата подготвува предлог листа од пријавените кандидати и ја доставува до Собранието.
По тројца членови предлагаат политичките партии од власта и од опозиција, а останатите тројца се бираат од редот на пријавените.
Политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието предлага двајца членови, а политичката партија во опозиција со втор најголем број на пратеници предлага еден член на ДИК. Партиите на власт предлагаат тројца членови и тоа политичката партија на власт со најголем број пратеници во Собранието предлага двајца членови, а политичката партија на власт со втор најголем број на пратеници предлага еден член на ДИК. Тројца членови на комисијата се избираат на заеднички предлог на партиите од власта и опозицијата од редот на пријавените кандидати.
Членовите на ДИК ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Собранието ги избира и претседателот и потпретседателот на ДИК од редот на членовите. Претседателот или потпретседателот на ДИК, според новите измени на Изборниот законик, треба да е од редот на припадниците на најголемата немнозинска заедница.
Претседателот на Собранието…