Собранието на Република Македонија се очекува утре во рамки на 80. седница да ја почне петдневната расправа за Дополнетиот предлог на буџетот за 2014 година.
Државната каса за следната година ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на БДП е проектиран на 3,2 отсто, а инфлацијата од 3,3 отсто . Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 отсто.
Предлог-буџетот за 2014 година и беше доставен на Владата заедно со извештајот од Комисијата за финансирање и буџет за прифатените, разгледаните и поднесените амандмани. Во десетдневниот рок, кој се покажа како недоволен, собраниската Комисија за финансирање и буџет прифати пет од поднесените 684 амандмани. Во рокот од десет дена за амандманската расправа Комисијата успеа да разгледа само 291 амандман.
Осумдесетата седница на Собранието има 78 точки на дневен ред.