Социјалните мрежи се усвитија со коментари против Шилегов, Канал 5 не ги објави

Во вечерашната дебатна емисија „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваа поранешниот градоначалник на град Скопје Коце Трајановски и сегашниот Петре Шилегов.

Тие дебатираа на различни теми поврзани со градот, а особено се вжешти атмосферата околу загадениот воздух, реконструирањето на улиците како и ветените проекти кои сега засега останаа само на хартија.

Но она што ја разочара и револтира јавноста е одлуката на телевизијата да ги исклучи коментарите за да не можат гледачите да ги прочитаат поплаките на граѓаните на град Скопје во врска со НЕвладеењето на градоначалникот Шилегов.

„Скопје немало понеспособен градоначалник од Шилегов. Времето ќе го покаже тоа“, „ќе одговараат овие вашиве после 12 април“, „Шилегов го уништи цело Скопје“, се само дел од стотиците коментари на социјалните мрежи.