Сочувство од Претседателот Иванов, вонредна седница на Владата поради автобуската несреќа

Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево, се истакнува во изјавата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов по повод трагичната автобуската несреќа кај Карпалак во која животите ги загубија 13 лица а триесетина се повредени.

„Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените им посакувам што побрзо закрепнување“, се истакнува во пораката со сочувство на Иванов.

Во средата ноќта вонредна седница одржува Владата по повод тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово.

Претседателот на Владата, Зоран Заев во текот на утрешниот ден ќе ги посети повредените кои се наоѓаат во болницата, се наведува во соопштението на владината прес-служба