Протоколарниот инцидент во кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен е третирана како понискорангирана од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мошел во текот на заедничката посета на Анкара, не би требало да ја засени содржината на таа посета, истакнаа во средата до Комисијата.
„Претседателката навистина бепе изненадена од таквиот третман, но и покрај тоа сакаше да даде приоритет на содржоната а не на протоколот. Кога станува збор за протоколот, челните личностио на Европската комисија и на Европскиот совет треба а бидат еднакво треторани, но овој инцидент не би требало да ја засени содржината на посетата“, изјави на прес-конференцијата во Брисел, портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.
Турискиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во вторникот во Анкаа ги прими Урсула фон дер Лејен и Шарл Мишел, а на снимката од почетокот на средбата се гледа дека на челникот на Европскиот совет му е предвидена столицата вднаш до Ердоган, додека шефицата на ЕК мораше да седне на блискиот тросед наспроти шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
Според вообичаениот дипломатски протокол, произлегува дека фон дер Лејен е третирана како министерка на Мишел. На снимката јасно се слуша „хм“ на фон дер Лејен кога сфаќа дека за неа не е предвидено место покрај Ердоган. Исто така, видливо е дека претседателот на Европскиот совет воопшто не реагира.
Медиумите инцидентот го нарекоа „Софагејт“. Според снимките од поранешни средби меѓу челници на ЕУ и Турција, се гледа дека, на пример, тогашните претседатели на Комисијата и на Советот, Жан-Клод Јункер и Доналд Тска, се третирани потполно ртамноправно.
„Претседателката (фон дер Лејен) очекува дека институцијата којашто ја претставува ќе биде третирана според соодветниот протокол“, рече портпаролот Мамер, додавајќи дека службите на ЕК ќе настојуваат такви инциденти да не се повторуваат во иднина.
Мамер одби да одговори на новинарското прашање што е можната причина за ваквиот третман на шефицата на ЕК, дали станува збор можеби поради мизогонија или нешто слично. „Тоа прашање треба да им го упатите на турските власти“, рече.