Солскјер призна дека неговиот тим има голем проблем

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека неговиот тим има проблеми со затворањето на натпреварите.

Синоќа на „црвените ѓаволи“ им беа потребни пенали за да го елиминираат третолигашот Рочдејл во третото коло од Купот Карабао.

„Честопати водиме со 1-0, но потоа, наместо да постигнеме втор гол, се опуштаме. Многу добро се справивме со пеналите; сите имаа самодоверба да изведуваат пенал“, рече Солскјер по мечот.

Норвежанецот го пофали стрелецот на голот за Јунајтед, Мејсон Гринвуд.

„Мејсон е одличен со двете нозе. Тој е кошмар за дефанзивците. Тој изгледа како да има класа. Тој ќе ги добие своите шанси, но мора да го оставиме да се развива“, рече Солскјер.