Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско eзеро

Спортскиот риболовец Ванчо Стојмирски од Делчево улови сом тежок 80 килограми во Калиманското езеро.

„Сомот кој е позната езерска риба го фатив на Калиманското езеро. Должината му е 2,4 метри, а тежок е 80 килограми, иако на вагата покажува 82,05 кг. Тоа е поради садот во кој е ставен на мерење кој тежи 2,05 килограми“, вели Стојмирски.
Претходно во јули годинава спортскиот риболовец Горанчо Ќурчиски фати сом тежок 70 килограми.
„Со Ванчо сме често на риболов. Во мојот случај тој ми помогна да го извадиме од водите. Тежеше за 10 килограми помалку од оној на Стојмирски, значи 70 килограми и 230 сантиметри“, додава Ќурчиски.

Калиманското езеро изобилува со ретки примероци на сом, а токму делчевските риболовци се едни од рекордерите со најголем улов на познатото вештачко езеро