Сонцето од Кутлеш стана знаме на Лозово, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ гласаа „за“

Советот на Општина Лозово вчера изгласа сонцето од Кутлеш да биде официјално знаме на општината. Предлогот поднесен од Зоран Иванов, советник на општината од ТМРО, беше изгласан со  седум гласа „за“ и два „против“

За 16-кракото жолто сонце со десет сини цвета во внатрешниот дел на црвена подлога да биде знаме на Лозово гласаа тројца советници на ВМРО-ДПМНЕ, тројца на СДСМ и советникот Иванов. Против беа советниците ЛДП-ДОМ и независниот, информираа од ТМРО.

-Велигденскиот подарок за Македонците каде и да се. Сакам да ве известам дека денес успеавме и ова е за прв пат во Македонија ,Македонскиот национален симбол да биде официјален во една општина. Се надевам дека предлогот на ТМРО ќе биде прифатен и во други општини, напиша на Фејсбук Ванчо Шехтански, претседател на ТМРО.