Времето во Македонија во четвртокот ќе биде претежно сончево и топло, со слаб северозападен ветер.
Вредноста на УВ индексот ќе биде висока – 9.
Максималните дневни температури ќе се движат од 24 до 32 Целзиусови степени во западните региони, и од 29 до 36 на југот.
Во Скопје и околината максималната температура ќе достигне до 34 степени.
Во петок и во текот на викендот во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.