Сончево со мала до умерена облачност

Времето во вторникот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната утринска температура ќе биде 10 Целзиусови степени а максималната 33 степени. Во Скопје слично време со температура до 30 степена.

Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локален краткотраен дожд. Од среда се очекува променливо време со услови за повремен локален дожд претежно во планините.