![vikend-vremenska-prognoza](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/vikend-vremenska-prognoza.jpg?resize=500%2C250&ssl=1)
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена, а во текот на денот во западните и крајните источни делови повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура се движеше од минус три до 11, а дневната од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до осум, а дневната до 21 степен.
Следува период на сончево време со умерена облачност. Утрата ќе бидат свежи, а во текот на денот ќе биде потопло со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Услови за слаб локален дожд ќе има во среда, кога ќе дува и умерен северен ветер.