Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските подрачја со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.
Температурата ќе се движи од 20 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Температурата ќе достигне до 28 степени.
Во наредните денови во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи, а поизразена нестабилност се очекува во недела и во понеделник кога на места процесите ќе бидат поинтензивни.