И денес повторно не очекува сончево и топло време со температури до 38 степени.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 31 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе биде околу 19, а дневната ќе достигне до 37 степени.
Во дел од државата ќе има и мало разладување од топлото време. Метеоролозите најавуваат краткотраен дожд во охридско-преспанскиот регион.
Во охридско-преспанскиот регион во попладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе биде околу 18, а дневната ќе достигне до 31 степен. Во дојранскиот регион ќе биде сончево со температура до 38 степени.
Утре метеоролозите најавуваат дека во поголем дел од земјава ќе имаме сончево и топло време, само во западните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Од вторник се очекува сончево и уште потопло време со температури на места и над 40 степени. Според најавите од почетокот на следната недела се очекува нашето подрачје ќе потпадне под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што ќе предизвика натамошен пораст на дневните температури.
Се очекува температурите во поголем дел од земјава да бидат над 35 степени.
Особено уште потопло време се очекува да настапи кон средината на неделата, кога долж Повардарието и во југоисточниот дел дневните температури ќе бидат над 40 степени.
Владата на Република Македонија, по предлог од Министерството за здравство, минатата недела донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, во периодот од утре (22 јули) до вторник (28 јули), но по се изгледа ако се земат во предвид најавите од метеоролозите овој временски период ќе биде пролонгиран.
Во истиот период, се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.
Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат во претстојниот период до почетокот на следната недела.
За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна, термички обработена храна и повеќе течности (а да се избегнува консумирање на лесно расиплива храна), редовно одржување хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
Погледенете кои се препораките за заштита од високите температури.