Сончево и потопло време со мала до умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 28 до 36 степени.
Во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 35 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 8.
Во петок и во деновите од викендот ќе биде уште потопло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.