Сончево и претежно тивко време не очекува во текот на денешниот ден. На повисоките места и на планините со слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе бидат во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје сончево со слаб северен ветер и со максимална температура до 17 степени.
Преку денот ќе се затоплува. Максимална та температура на планините ќе биде повисока одколку на некои пониски места.
Мерењата на Министерството за живитна средина и просторно планирање покажуваат загадување на воздухот во општините Аеродром, Центар, Гази Баба, Карпош, Битола и Тетово.
Утрово најстудено во Берово и во Петровец
Утрово времето во Македонија беше ведро студено и претежно тивко. По одделни котлини имаше појава на слаба утринска магла, особено во скопската и демиркаписката котлина.
Во Берово се измерени -6 степени, -3 во Скопје-Петровец, -2 Тетово и Битола, -1 Струмица и Д. Капија, 0 во Штип, Прилеп и Маврово, 1 Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка, 2 Охрид, Лазарополе, Куманово и Кавадарци, 3 Гевгелија, 4 Претор, Виница, 5 Крушево и 6 Дојран.
Продолжува периодот на стабилно и суво време
Во наредните денови нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на атмосферски систем со висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса, а со тоа понатаму продолжува периодот на стабилно и суво време, во утринските часови со појава на слаба утринска магла.