Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер.
Попладне во северните делови ќе има умерено наоблачување, а долж Повардарјето поизразен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 5, а дневната од 15 до 22 степени.
Во Скопје слично време, претпладне сончево, а попладне со мала до умерена облачност, преку денот со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе искачи до 18 степени.