Сончево и многу топло

Првиот ден од викендот во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална  облачност. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во попладневните часови на некои  места ќе има зголемување на облачноста, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен, на места повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура се движи во интервал од 14 до 20 степени , а максималната ќе достигне од 30 до 39 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде исто така сончево со умерена облачност. Утринската температура достигна 17 а максималната дневна ќе се движи до 37 Целзиусови степени.