Во Македонија во саботата ќе проевладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови особено во западните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер.
Утринските температури се движат од 12 до 22, додека максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 Целзиусови степени. Ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 8.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Температурата ќе достигне до 36 степени.