Сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност

Времето во Македонија во петокот ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура се движи во интервалот од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на слаб краткотраен дожд.

Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 Целзиусови степени.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север проследена со умерен, повремено засилен северозападен ветер во саботата и следните денови дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Од сабота следува период на претежно стабилно време, освен во понеделник кога се очекува појава на нестабилност проследена со краткотраен локален дожд.