
И во вторникот во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло врме со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.
Утринската температура се движи од 13 до 19, додека максималмата соодветно ќе биде во интервалот меѓу 24 и 39 Целзиусови степени.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 8.
Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Темепратурата ќе дстигне до 35 степени.