Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло. Во западните делови од земјата ќе дува југозападен ветер кој што наместа ќе достигне брзина и до 30 километри на час.
Утринските температури се движат од минус два до пет, а дневните од 14 до 21 степен.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 17-от степен.