Сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер

Времето во Македонија во саботата ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец.

Минималната утринска температура е во интервалот од 5 до 14, а максималната дневна ќе достигне од 23 до 29 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 Целзиусови степени.

В недела ќе преовладува облачно време, во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе се задржат и во следните два дена. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата до средината на наредната седмица ќе биде во опаѓање.