![esen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/esen.jpg?resize=270%2C187&ssl=1)
Времето во Македонија во саботата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температурасе движи од -4 до 2, а дневната од 13 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 14 степени.
Во вториот ден од викендот ќе се задржи стабилно, сончево со умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Утринските температури на повеќе места ќе бидат околу нула, а во првите два дена од следната седмица поради зголемена облачност насекаде ќе бидат позитивни. Во понеделник во западните делови ќе има услови за слаб дожд.