Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија во вторникот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринските температури се движат од 6 степени на повисоките места, до 16 Целзиусови степени на југот на земјата. Максималните дневни, пак, ќе се движат во интервалот меѓу 20 и 28 степени соодветно за регионите.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се движи околу 11, а највисоката дневна ќе достигне 25 Целзиусови степени.

Од среда дневните температури ќе бидат во пораст, а в четврток и петок ќе биде натпросечно топло за овој дел од годината.