Сончево со мала до умерена облачност

Во среда во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 4 до 3, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 15 степени.