Сончево со мала до умерена облачност и температури до 17 степени

Времето во сабота во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во текот на денот ќе се зголемува.

Во утринските часови по одделни котлини има појава на магла.

Утринската температура се движи од минус 8 до нула, а дневната од 10  до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе  биде сончево со умерена облачност. Утринската температура се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во недела ќе биде значително облачно и ќе има локални врнежи од дожд, особено попладне. Под влијание на продор на студена воздушна маса во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и студено време, од среда со повремени локални врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.