
Времето во Македонија во четврток ќе биде сончево со мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната утринска температура се движи во интервалот од 9 до 19 Целзиусови степени, а максималната днева ќе достигне од 29 до 35 степени.
Во Скопје и околината, пак, денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 32 степени.
Ќе продолжи периодот на претежно сончево и топло време со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.