Во Македонија во вторникот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена претежно висока облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура се движи во интервалот од 6 до 14 степени, а максималните дневни соодетно ќе бидат од 18 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.
Продолжува периодот на релативно топло време. Утре ќе биде претежно облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд кои понекаде ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а ќе завршуваат во ноќта.
Во четврток ќе биде претежно сончево со мала облачност и со повремено засилен југозападен ветер, а потоа во петок и сабота променливо облачно ветровито и со услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата.