Сончево со променлива облачност, температурите до 16 степени

Времето во Македонија во понедленикот ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 0 до 9, а максималната дневна ќе достигне од 11 до 16 Целзиусови степени

Во Скопје и околината утрово е свежо, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат