![sonce-oblaci](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/sonce-oblaci.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Времето во понеделникот во Македонија по студеното утро и појава на магла во одделни котлини во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура е во интервал од -8 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.