Времето во четвртокот во Македонија земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура се движи од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 Целзиусов степен.
УВ-индексот ќе има висока вредност 9.
Во Скопје и колината денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 Целзиусови степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-иот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.