
Во Македонија во вторникот ќе преовладува сончево време со умерена облачност, во североисточните делови со услови за слаб локален дожд.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.
Утринските температури се движат од минус 2 во источните планински предели до 7 степени на југот на земјата, а максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 8 и 18 Целзиусови степени.
Во Скопје и Скопската котлина денеска ќе биде умерено oблачно и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Температирата ќе достигне до 16 степени.