![sonce zima](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/sonce-zima-2.jpg?resize=691%2C462&ssl=1)
Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието (повремено со брзина над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 12 степени.
Во следните два дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела.