Без победник во Мадрид и Лисабон

Во првите натпревари од осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите, Атлетико Мадрид и Манчестер Јуанјтед одиграа 1:1, додека Бенфика и Ајакс ремизираа со 2:2.

Последне и единствен пат пред овој во средата вечерта Атлетико и Јунајтед меѓусебно играа пред 31 година во второто коло од тогашниот Куп на победниците на куповите, а шпанскиот тим славеше во двата дуела со 4:1.

Очекувано натпреарот беше цврс и нервозен со дури 9 жолти картони и 35 фаулирања. Де Хеа првпат бранеше против својот поранешен клуб кој го напушти во 2011 година кога се пресели на „Олд Трафорд“, а од друграта страна Кристијано Роналдо веќе 36-ти пат играшпе прптиов „Лос Колчонерос“, а досега им даде дури 25 голови.

Атлетико одлучно го отвори мечот и веќе во 7 минута поведе. Ренан Лоди одлично нафрли од левата страна, а Жоао Феликс со глава од стативата го совлада Де Хеа. Во завршницата од првиот дел домашнмите можеа да го удвојат водството, но овојпат гостите ги спаси стативата. Лоди нафрли, Шиме Врсаљко шутираше со глава, топката го погоди Викрот Лиделоф и заврши во стативата.

„Црвените ѓаволи“ во првото полувреме играа многу лошо, што го докажува податокот дека немаа ниеден удар во рамките на противничкиот гол.

И во продолжението на дуелот следеше тврда игра, а Јунајтед во 80 минута и покрај бледото издание успеа да израмни. Бруно Фернанедз додаде до Ентони Еланг, а 19-годишниот шведски напаѓач погоди за 1:1 и за својот првенец во Лигата на шампионите. Во 87 минута Антоан Гризман имаше шанса за ново водство на Атлетико, но ја погоди пречката.

Во вториот натпревар синоќа, во Лисабон Бенфика и Ајакс исто така, одиграа без победник, иако гостите двапати беа во водство. Ова беше нивниот осми меѓусебен дуел, а Бенфика славеше само еднаш а Ајакс четири пати.

Во најавата на мечот најмногу се зборуваше за судирот на двајцата одлични напаѓачи. Уругваецот Дарвин Нуњез за Бенфика сезонава постигна 23 погодоци со просек од 0,82 голови по меч, и Себастијан Халер од Брегот на слоновата коска кој постина 28 голови за Ајакс, односно во просек по еден на секој меч. Халер и овјпат беше стрелец, и тоа двапати но еднаш и во сопствената мрежа.

Ајакс поведе во 18 минута со убавиот гол на Душан Тадиќ откако одлично беше проигран од Нусер Мазрауи. Бенфика израмни во 26 минута кога Себастиен Халер ја сверти топката кон својата мрежа. Но напаѓачот на холандскиот тим грашката ја исправи веќе три минути подцна кога погоди за 2:1, а тоа беше неговиот 11-ти погодок во Лигата на шампионите сезонава.

Бенфика беше блиску до израмнување во 61 минута, но Нуњез шутираше крај десната статива. Три минути подоцна возрвари Мазрауи, но неговиот опасен обид го запре Одисеас Влакодимос. Сепак домашните израмнија во 72 минута а стрелец беше Роман Јаремчук.

Во вторникот Челзи го победи Лил со 2:0, а Вилјареал и Јувентус одиграа 1:1. Минатата седмица ПСЖ го доби Реал Мадрид со 1:0, а Манчестер Сити во Лисабон со 5:0 го декласираше Спортинг, РБ Салцбург и Баерн Минхен одиграа 1:1, а Ливерпул на „Сан Сиро“ со 2:0 го совлада Интер.ж

Реванш дуелите се играат на 8-ми март (Баерн Минхен – РБ Салцбург и Ливерпул – Интер), на 9-ти март (Реал Мадрид – ПСЖ и Манчестер Сити – Спортинг), на 15-ти март (Ајакс – Бенфика и Манчестер Јунајтед – Атлетико Мадрид) и на 16-ти март (Лил – Челзи и Јувентус – Вилјареал)