Сончево време засилен северен ветер, температурата до 16 степени

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната од 8 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.