Сообраќајка кај велешко Дреново, едно лице повредено

 Сообраќајка на патот пред селото Дреново се случи претпладнево околу 11 часот, во која е повреден 27-годишниот М.Б од село Јаболчиште.

Како што информираат за МИА од СВР Велес, повредениот со своето возило самиот излетал од патот и се превртел со возилото на кровот,потоа излегол од возилото и самиот повикал Итна помош од Велес. Во меѓувреме неговите роднини го зеле со возилота екипата на велешка Брза помош го пресретнала на патот Дреново – Лисиче и му укажала прва помош.

Васе Панова од Службата за Итна Помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес информира дека веднаш  му била укажана прва помош.

-Надворешно немаше поголеми повреди, а се жалеше на болки во градите, најверојатно поради нагмечувања од воланот, појасни Панова. Тие со возило на Итна помош повредениот 27 годишен М.Б го однеле итно во велешката Општа болница, каде ќе биде снимен на рентген за да се утврдат повредите.
СВР Велес е на увид на местото на настанот, информира за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.