Сообраќајна несреќа која се случила во понеделникот вечерта во местото Лимбург, во која бегалец од Сирија со камион се забил во неколку автомобили, би можела да биде терористички чин, пренесуваат во вторникот германските медиуми, но властите не сакаат да се изјаснат за ваквата квалификација.
„Во моментов сме во фаза на интензивна истрага и прерано е да се носат какви и да се заклучови“, соопшти надлежното обвинителство во Франкфурт на Мајна.
Јавниот информативен сервис ZDF претходно објави дека иследниците тргнуваат од претпоставката дека станува збор за теротистички напад. Според тврдењата на ZDF, кој се повикува на истражни органи, во понеделникот вечерта 32-годишен бегалец од Сирија од кабина на камион насилно го извлекол возачот, и потоа со истото товарно возило се залетал во неколку автомобили. Притоа девет лица се полесно повредени.
Според податоците на очевидци , кои ги цитираа медиумите, Сириецот при излегувањето од кабината на камионот извикувал „Алах, Алах“. Медиумите, исто така, наведуваат дека 32-годишниот сириски државјанин пристгнал во Германија во 2015 година во екот на бегалската криа, како и дека досега веќе неколкупати доаѓал во судир со законот поради насилни деликти и дела поврзани со дрога, но дека засега не се познати негови евентуално контакти со исламистичкото милје во земјата.
Сојузното државно обвинителство во Карслруе, кое ги презема случаите за кои постојат сомневања дека се поврзани со тероризмот, објави дека засега не постојат причини за преземање на овој случај, но дека „постојат интензивни контакти“ со истрагата.
Германскиот министер за надворешни работи, Хорст Зехофер, на амргините од состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската унија во Луксембург, изјави дека е прерано да се зборува за терористички напад.
Европскептичната и противдоселеничката партија Алтернатива за Германија (AfD), го критикуваше министерството за внатрешни работи и побара итно да бидат протерани сите имигранти и бегалци кои ги прекршиле законите.
„Наместо да се занимава со зпасувањето на бегалците од Средоземјето, Зехофер би требало да се погрижи за тоа германските граници да бидат сигурни“, изјави шефицата на пратеничката група на AfD во Бундестагот, Алисе Вејдел. Таа го критикуваше и фактот дка сторителот од Ломбург, и покрај фактот дека досега неколкупати го нарушил законот, сѐ уште бил на слобода и не бил протеран.