Сообраќајна несреќа во Велес, тешко повредено едно лице

На 23.05.2023 во 23.30 часот било пријавено дека во Велес на ул.“Благој Ѓорев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “нисан“ со велешки регистарки ознаки, управувано од Ц.Л.(32) од Велес, и патничко моторно возило “голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(29) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.С., констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.