Сообраќајот по суви коловози, на ГП Богородица се чека до 30 минути

На Богородица и Табановце се чека по половна час

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози и има зголемена фрекфенција на возила на ГП Богородица.

Од АМСМ информираат дека времето на чекање за излез од државата на ГП Богородица е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.