Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска нешто по полноќ на патниот правец меѓу албанските градови Корча и Подградец, јави дописникот на МИА.
До несреќата дошло кога комби возило изгубило контрола и излетало од патот во близина на селото Дрита.
Според првичните сознанија, возачот најверојатно заспал, поради што изгубил контрола врз возилото, кое паднало од мост.
Меѓу загинатите се 15-годишно дете и лица на возраст од 24, 29 и 41 година.