Сообраќајка кај Тополчани: Еден загинат, двајца тешко повредени

Едно лица загина, а две се тешко повредени откако автомобил и комбе се судриле во близина на битолското село Тополчани.

Според првичните информации од полицијата, трагичната несреќа се случила утринава околу осум часот во близина на селото Тополчани на магистралниот пат Прилеп – Битола.

Сударот меѓу „фолксваген“ и комбе „фиат“ бил фатален за 55-годишниот Ѓоре Саздоски од Прилеп кој управувал со автомобилот. Возачот на комбето, 61-годишниот Илија М. и неговиот 27-годиштен син В.М. се здобиле со повреди откако комбето се запалило по судирот.

Битолската полиција соопшти дека се’  уште не е утврдено како точно дошло до несреќата.

Полиција, јавен обвинител и истржен судија кој наредил обдукција на загинатиот прилепчанец, моментно вршат увид на местото на незгодата.

Магистралниот пат Прилеп – Битола е затворен за сообраќај и е пренасочен по стариот пат.