![soobrakajka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/soobrakajka.gif?resize=640%2C471&ssl=1)
Сообраќајна несреќа вечерва се случи на Илинденска , се судрија два автомобили, Мерцедес и Рено Меган. Во Мерцедесот имало две машки лица, а во Реното една девојка, објави Вечер.
На местото на настанот пристигнала Брза Помош при што беше констатирано дека нема повредени.
По ударот Мерцедесот се излизгал и отишол 70-тина метри понатаму. На местото на настанот се очекува да пристигне и полиција.