Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува на Пресека и Буково, но не се задржува на коловоз и не претставува проблем за нормално одвивање на сообраќајот.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.